МИЦКОВСКИ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ: Бројните нерегуларности ќе остават дамка на изборниот процес

0
1120

Се што се случуваше изминатите денови, бројните нерегуларности, ќе остават сериозна трага, еден вид дамка на целиот изборен процес, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако денеска го оствари своето гласачко право на избирачкото место во скопската населба Влае.

Сепак, Мицкоски оцени и дека „денеска е денот кога народот гласно ќе зборува и кога ‘Обновата’ победува“.

„Народот масовно излегува на избирачките места и од она што можеме да го забележиме, она што се коментира меѓу граѓаните, е дека народот е подготвен за голема промена што ќе се случи токму денеска, на 15 јули. Бројните нерегуларности во изминатите денови ќе остават сериозна трага, ама тоа е последниот крик на ова раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев.Очекувам до крајот на денот очајните обиди да се изигра волјата на граѓаните да бидат оневозможени“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е и кандидат за премиер, ноучествува директно во изборната трка како кандидат за пратеник.

Мицкоски апелира до секој кој има каква било дилема да му слугува, како што рече, на Заев и на актуелното раководство на СДСМ во нерегуларностите, ќе сноси кривична одговорност.

„За тоа од утре посебно ќе се внимава како изгледал денот, но и какви беа изминатите денови. Мојата порака е – вразумете се, граѓаните слободно, по своја волја, да го изразат своето мислење, да го дадат својот глас зашто нема веќе време за импровизации. Важно е дека доаѓа промената, граѓаните  масовно одлучуваат да гласаат за промена“, рече Мицкоски.