ЈАНУШЕВ ГО РАСТРГНАА ЗА БОКСОВИТЕ – Шахпаска од СДСМ : Скандалозно и недозволиво, Јанушев се заканува дека ќе тепа жени од својата партија, ВМРО-ДПМНЕ е режимска партија

0
731
Изјава за медиуми, Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3.
Почитувани,
Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Тоа е истата таа партија заглавена во режимската матрица. Партија во која нема еднаквост, нема правда, а царува шовинизмот и дискриминацијата .
Денес, уште една бомба одекна во јавноста во која граѓаните можат да го слушнат генералниот секретар Игор Јанушев во разговор со Миле Јанакиевски како се заканува дека цитирам „ќе и удрел бокс во фаца“ на жена од општинскиот комитет.
Тоа е вистинското. Насилството им е решение за се. Насилство врз жени,насилство врз студенти,насилство врз пратеници и новинари.
Повторно, глумењето на лажна загриженост за граѓаните уште еднаш на ВМРО –ДПМНЕ им падна во вода.
Огромно лицемерие стои и зад нивниот слоган „Исправи се“ затоа што секојдневно потврдуваат дека зад маската која ја носат стои понижувачки, недоличен ,неодговорен однос кон граѓаните ,а со последната бомба и демонстрирање на родово насилство.
И не само тоа , дури и во своите партиски редови ВМРО-ДПМНЕ не почитува родова еднаквост,а со тоа не ги почитува жените , како еднакви и рамноправни на мажите.
И наспроти ова лице на ВМРО-ДПМНЕ стои СДСМ и коалицијата која работи,дејствува и се бори  против сите форми на насилство врз жените.
Парламентарното мнозинство на СДСМ и коалицијата донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство коишто за првпат е целосно усогласен со елементите на истанбулската Истанбулската конвенција.
СДСМ вети и оствари, родова еднаквост во партијата, 50-50  застапеност на жените во политиката, тоа го потврдуваат  и двојните носители на листи за претстојните избори.
Еднакви права и рамноправност на жените во сите сегменти во општеството.
Разликата е јасна !

Затоа на 15 јули ќе победи СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ затоа што можеме уште подобро и уште повеќе!