МИЦКОСКИ НЕ ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕУСПЕШНИОТ ОБИД ЗА РУШЕЊЕ НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ: ВЛАДАТА НЕМА МНОЗИНСТВО ПРАТЕНИЦИ И БЕШЕ ДЕКЛАСИРАНА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

0
667

“Не направив погрешна проценка туку вистинска одлука со која на површина ја извадив целокупната немоќ на владата и нејзините менахизми на владеење. Уште од почетокот знаев дека шансите за тоа се мали, особено што секој демократски потег ќе биде потиснат од притисоци, закани и уцени. Но сакав да види и целокупната домашна и меѓународна јавност со што се соочуваме дома во државата. Нема погрешно време за потег со кој уште еднаш се разобличи владата. А ние покажавме капацитет на обединување на многу субјекти кои имаат свои разлики но се обединуваме во заложбата за промени и носење на нова иднина” – изјави Мицкоски во интервју за весникот “Политика”.

Тој бара оставка на целата Влада, а не само за Заев затоа што единствениот разумен и логичен исход на сето ова се брзи избори.

“Сега имаме една неодржлива ситуација каде имаме Влада без мнозинство пратеници која дополнително е без легитимитет, декласирана на локалните избори кои се одржаа пред две недели. Изборите се решение за да се провериме кај народот и што тој мисли за целата оваа состојба. Оваа Влада нема капацитет да се носи со енергетската криза која зема замав, како и политичката криза која дополнително следи. Што се однесува до Заев, тој уште еднаш ја замајува јавноста и уште еднаш не си го одржа сопствениот збор, а тоа е доколку загуби на локалните избори, си оди од политиката. Неговото останување во политиката ќе биде продолжување на кризата, и тој во ниту еден сегмент не може да биде клучен во било кое добро решение за државата” – изјави Мицкоски.