БЕТМЕН ПАДНА САМ ВО СТАПИЦА: ЗАЕВ ГИ ИЗМАНИПУЛИРА ШАРЕНИТЕ И НАРОДОТ ЗА ДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ А ПРАВДА ЗА СЛУЧАИТЕ ОД БОМБИТЕ НЕ ВИДОВМЕ ДОСЕГА

0
1351

Неутралецот лојален на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Бетмен Илиевски гостуваше на дуел во емисијата “Само вистина” против генерал Стојанче Ангелов.
Притоа го обвини Стојанче Ангелов дека не протестирал во врска со бомбите што ги објавила ВМРО-ДПМНЕ со кои што наводно се разоткривале компромитирачки елементи во врска со СДСМ. Но притоа преќути дека бомбите од Заев беа целосно игнорирани од заробените медиуми за време на екс режимот.
Тврдеше дека Заев ги користел бомбите само за манипулација со јавноста а не дека имал намера нешто да промени на подобро. Во таа смисла го спомна нерешениот случај со години, Смилковско езеро.
Бетмен инсинуираше дека шарените и незадоволните биле изманипулирани од Заев и поради тоа била срушена ВМРО-ДПМНЕ од власт.
Комичниот Бетмен беше наоружан со фб статуси од Стојанче Ангелов со кои што реално не можеше ништо конкретно да докаже во однос на наводната политичка неконзистентност на генерал Ангелов.