(ВИДЕО) Заев: Македонија плаче за промени – Доаѓаат промените!

0
1213

Конечна цел ни е нашите деца и нашите внуци да ни останат тука, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето пред граѓаните при неговата вчерашна посета на чаршијата во Велес.

– Врвот на политиките на Никола Груевски е доказ за апатијата во велешката чаршија. Зошто, ем ни ги нема младите ем има луѓе кои едвај преживуваат. Тоа е најсилниот доказ дека Македонија пати и плаче за промени. Промените доаѓаат и тие се здрави. Тоа е добро за Македонија – рече Заев.

Тој влезе во повеќе дуќанчиња во кои купувачи немаше. Сопствениците на микро и малите фирми добро ја разбираат ситуацијата, самите велат: „Треба по фирмите да пуштат повеќе пари за народот да има да троши повеќе. Со 10 илјади денари плата не можат граѓаните да купуваат“.

Враќањето на парите кон граѓаните е она за што говори Заев кога вели дека државата е должна да им обезбеди достоинствен живот на граѓаните на Македонија.