ЃУРЧЕВСКИ: ИСТРАГАТА СО ЛАЖНИТЕ ПАСОШИ НЕ СМЕЕЛА ДА ТРАЕ 2 ГОДИНИ, СПАСОВСКИ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

0
792

Во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа гостуваше поранешниот помошник директор во БЈБ, Љубомир Ѓурчевски. Ги искритикува највисоките државни функционери дека во кризна состојба како сегашната со пандемијата, не требале да се повикуваат на слободни денови туку да работат 24/7 или пак повремено да назначуваат лица кои што би ги преземале обврските при било какво отсуство.
Тој сметаше дека истрагата со лажните пасоши не смеела да трае две години бидејќи е тоа предолго време за такво кривично дело. Посочи дека прво министерот за внатрешни работи, Спасовски требал да го разреши помошникот министер за граѓански работи, потоа да алармира Интерпол за издадените лажни пасоши со цел да се уапсат тие лица, и потоа да ја понуди својата оставка кај премиерот и во Собрание поради етичка и политичка одговорност.
На ваков начин, Македонија не може да се надева на преговори со ЕУ туку на проблематични ситуации за задржување на безвизниот режим со земјите членки на ЕУ.
Ѓучевски истакна дека кога бил пратен на должност да го средува Куманово, таму владеел хаос а дел од полициските структури биле длабоко вмешани во тешки криминали со политички протекции од владеачките структури на централно ниво. Побара итно формирање на експертска Влада за да се направат реформи во МВР според препораките на западниот експерт Прибе затоа што досега ништо од тоа не било имплементирано. Формалното одвојување на ингеренциите на АНБ од УБК не е само по себе пресудно. Тврдеше дека АНБ со новиот закон треба да се занимава само со кривични дела против уставниот поредок а не да доставува службени белешки за случаи како тој од Орце Камчев.