СМЕШНА ТЕЗА НА ЗАФИРОВСКИ: ДЕА ТРГНАЛА ДА АПСИ ДИЛЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА, А НА 5 МИНУТИ ПРЕД АПСЕЊЕТО, ФОРМАЛНО ГО ИЗВЕСТИЛА И МВР

0
828

Во емисијата “Што не е јасно?” гостуваше пребеганиот функционер од Интегра и сегашен член на ВМРО-ДПМНЕ, Воислав Зафировски.
За скандалот со лажните пасоши тврди дека ова е една од најголемите афери иако власта се обидува да ја минимизира со тоа што наводно ја смета за корупција ограничена на неколку службеници. За криминалците да се стекнат со македонски пасош, биле скокнати неколку чекори. Прво мора да се има државјанство и со отпечаток од прсти се вади лична карта. Потоа се поднесува барање за пасош. Тогаш повторно мора да се остави отпечаток од прсти (кои што мораат да се поклопат со оние од личната карта) инаку системот по автоматизам ќе го исфрли како неважечки.
Се потсети и на случајот со Чауш со лажните лични карти кој што не бил завршен од обвинителството до крај. Притоа не верува дека ОЈО ќе ја заврши работата ниту овој пат и тоа тврди дека било секогаш така кога владеел СДСМ. Исто така обвини дека управните кадри на овие служби во полиција и правда се директно под капа на ДУИ.
Обвини директно дека истрагата не можела да трае најмалку 2 години а притоа тековно да се издавале нови пасоши по криминален рецепт. Сега институциите требале да покажат колку се независни со цел Македонија да не ја изгуби визната либерализација со ЕУ. Сите инволвирани од “октоподот” да бидат казнети а не да се заташка случајов.
Тврди дека ДЕА тргнала да апси нарко-картел во Македонија а на 5 минути пред акцијата, формално го информирала и МВР. Загатна дилема дали МВР било неспособно да гони организирани криминалци или пак едноставно не смеело.