БЕТМЕН ГИ ПРЕМОЛЧУВАШЕ ЗЛОДЕЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, А СЕГА СЕ НАЈДЕ ДА ЗБОРУВА ЗА ФАБРИКУВАНИ СКАНДАЛИ ПРОТИВ СДСМ?!

0
1389

Лидерот-марионета на контрашките протести, Богдан Бетмен Илиевски во трагикомично гостување на тв Алфа, со образ-ѓон се дрзна да ги коментира сите фабрикувани скандали против СДСМ како да се вистинити. Очигледно одамна го фатила амнезија и премолчуваше се’ она кое што како индиции го слушавме од бомбите на Заев.

Во емисијата се форсираше идејата дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи секогаш за граѓаните а дека сегашната власт на СДСМ и ДУИ намерно не набавува вакцини за да страда населението што повеќе.

Затоа народе, освести се и потсети се на тоа што беше во време на екс режимот на ДПМНЕ. Кога ќе ви трубат дека никогаш не било полошо во Македонија, потсетете ги на огромната пералница за пари Скопје 2014 и целокупниот проект антиквизација, фрлањето пари по жални врби и палми итн.