МИТКО ПАНОВ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА ИСТОРИЈАТА ЗА ПАРТИСКИ ЦЕЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ

0
261

Директорот на Институтот за национална историја, Митко Панов при гостување во емисијата “Што не е јасно?” на тв Алфа изјави дека е лично против новиот концепт за основно и средно образование и за тоа го обвини тимот на Мила Царовска кој што наводно не бил доволно компетентен и затоа се втурнал во така нагли образовни промени.

Тврдеше дека со Договорот за пријателство и добрососедство, на Бугарите им се дава шанса уште повеќе да ги оспоруваат македонскиот јазик и идентитет и притоа да направат демакедонизација на државата која што е формирана на антифашистичка основа како национална држава на Македонците и сите што живеат во неа.