(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ) Стаменковски: Тие што ме претепаа се снимени

0
1372

mar 1

Скршен нос и рака и длабока расекотина на главата на која му ставиле 16 конци заработил во синоќешниот напад, сопственикот на порталот Доказ, од петтмина со шипки пред влезот на неговиот дом.

– Утрово ќе ми го оперираат скршениот нос, претепан сум а на безбедносните камери на зградата во која живеам снимени се и убаво се гледаат напаѓачите – сите се блиски со власта и имаат криминално досие – вели за Либертас претепаниот Стаменковски.

mar 2

– Само што се разделив со пријателот со кој пиев кафе во кафуле веднаш до мојот дом во близина на училиштето Песталоци, тие во влезот ме бутнаа на земја, ме клоцаа, ме газеа и ме мавааа со метални шипки по главата – вели тој.

Синоќешниот беше за само неколку месеци втор напад врз Стаменковски од засега непознати лица. Неговиот портал е критички настроен кон власта и многу често имаа стории за корумпирани функционери, директори и слично.

mar 3

Тој ноќеска постираше и фотографии како изгледал претепан на неговиот портал со наслов “Вака тепа власта“.