На ФБ страницата „Слободно Кавадарци“ која ги негува и се бори за вредностите на слобода и правда и е наследник на Шарената Револуција и движењето „Кавадарци Протестира“ осамна соопштение со кое се обраќаат до граѓаните на Кавадарци. Имено причина за тоа е појаснувањето на делата на сопругот на Гордана Силјановска Давкова, Благоја Давков која вели дека ќе донесе правда и економија во Македонија. Во прилог на соопштението е поставена и фотографија како доказ за ова далечно профитерско однесување на семејството на Силјановска која претендира за претседателската функција. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Драги Кавадарчани,
Во период кога директор во земјоделско- сточарската задруга “Доне Попов” е сопругот на Силјановска, се случува страшна трагедија во бачилата.
Околу 1.000 овци и 500 јагниња од германската расата “винтерберг” се оставени да умираат за храна, во периодот додека директор во Доне Попов е Благој Давков.
Самата земјоделска задруга, со целиот свој имот и опрема е приватизирана по багателна цена, односно за само 10.000 евра.
При приватизацијата задругата располагала со:
– 100 хектари современи лозови плантажи
– Најмодерна ергела со стотина расни коњи
– 1.000 говедски грла
– 300 пчелни семејства
– Земјоделска механизација
– Управна зграда со современа овчарска мандра
– Бензиска пумпа и други придружни објекти
Во тој период најголемиот дел од затекнатата механизацијата, опрема, имот и производи се распродадени.
Наместо кон обезбедување на храна и дополнително развивање на задругата, сопругот на Силјановска заедно со сопствениците се занимавале со уништување и пљачкање на задругата.
Ова се делата на сопругот на Гордана Силјановска Давкова, која вели дека ќе донесе правда и економија во Македонија.
Од неа нема ниту правда, ниту економија.
Само заштита на криминалот!