МУ СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ НА ХАОСОТ ВО ОХРИД: ЌЕ СЕ УРИВААТ ГРАДБИТЕ НА ПЛАЖИТЕ ПОД КОНЦЕСИЈА

0
842

До средината на идниот месец плажите на брегот на Охридското Езеро, плажите на потегот меѓу хотелот Метропол и Пештани, треба да бидат целосно ослободени од илегално изградени објекти и уредени до состојба каква што биле пред нивното издавање под концесии пред повеќе од 15 години.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески најави дека активностите на терен ќе почнат после празниците. За таа намена Општина Охрид располага со шест милиони денари средства добиени од централната власт, додека три милиони денари се дополнително обезбедени преку алокација на средства од општинскиот буџет.

Градоначалникот истакна дека сите правни субјекти и лица што имале плажи под концесија и изминатиот период вршеле дејност, мора да ги ослободат плажите, најавувајќи крај на практиките да се узурпира јавниот простор со лежалки, самоволна наплата за паркирање возила и слични дејности.