СДСМ : ХАОСОТ СО ЈСП Е ПРИМЕР ШТО СЛЕДИ КОГА ДПМНЕ ЌЕ ДОБИЕ ВЛАСТ

0
222
Локалната власт на ДПМНЕ создаде хаос со јавниот превоз во Скопје а ЈСП го доведе на раб на функционалност, да нема автобуси, вработените да не може да земат плата.
Иако ДПМНЕ во Советот на град Скопје има мнозинство на вчерашната вонредна седница одби да ги поддржи субвенциите за ЈСП, одби на вработените да им се префрлат средства да може да им се исплати плата.
Срамно, тажно и само заради лични хирови на Мицкоски, советниците на ДПМНЕ се противеа на доделување финансиски средства за да може да функционира ЈСП.
Мораше да биде свикана уште една седница на барање на советниците на СДСМ за да може да продолжи со работа ЈСП а вработените да земат плата.
Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ДПМНЕ, додека нивното претпријатие се дави во долгови, не може да подели плата, не може да функционира тие не преземаат ништо.
Членовите на Надзорниот одбор исто така се од ДПМНЕ.
Цели 2,5 години ДПМНЕ го кочи проектот за БРТ, проект за кој има пари, проекти, има се, само се кочи заради шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.
На Скопје повторно му се случува катрофа!
Хаосот што се случува во ЈСП и во Скопје е пример за тоа следува откако ДПМНЕ ќе добие власт.