Нинџа: Дамовски, Дурловски и Бетмен беа фиктивни водачи на протестите, често доаѓаа во седиштето на партијата и се гледаа со благајникот, протестите беа контролирани од ВМРО-ДПМНЕ

0
2051

Сведочењето на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа на судењето за организираниот напад во Собранието продолжи со протестите пред Државната изборна комисија кои почнаа на 17 декември 2016 година, а потоа зборуваше и за протестите на „За заедничка Македонија“.

„Во февруари почнаа протестите на ’За заедничка Македонија‘, предводени од фиктивни водачи: Борис Дамовски, Игор Дурловски, Бетмен и Владо Јовановски, контролирани од структури на ВМРО-ДПМНЕ“, сведочеше Александар Василевски-Нинџа, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозува на уставниот поредок и безбедноста.

Тој кажа дека имал задача од директорот на УБК Владимир Атанасовски во присуство на прикриен агент да направи разговор со Игор Југ дали е прозападен или проруски. На средбата дошол и Јане Ченто и се сликале.

„Бетмен, Дурловски, Јовановски и Дамовски ги гледав во палатата на ВМРО-ДПМНЕ. Одеа кај Кирил Божиновски, познат како благајникот на ВМРО-ДПМНЕ. Тврдам дека 80 посто од луѓето на протестите беа од ВМРО-ДПМНЕ. Само 20 посто беа обични граѓани.

Фиктивните водачи Дамовски, Дурло, Бетмен…… држеа потпалувачки говори. Скандираа против Тиранска платформа, за унитарна држава. Членството на ВМРО-ДПМНЕ ги следеше“, кажа Нинџа.

Повеќе ОВДЕ