(Фото) Моќни и убави: Ова се најубавите политичарки на светската сцена

0
1910
Поголемо внимание им е посветено на мажите во политиката. Но, овие дами секако дека го заслужуваат вашето внимание.

Кога се зборува за политика, во главно се зборува за мажи, бидејќи се сепак побројни од политичарките. Но, овие дами секако го заслужуваат вашето внимание. Станува збор за најубавите политичарки во светот. Покрај што со својот изглед мамат внимание, тие се паметни и многу способни жени, а некои политичари дури и им завидуваат на кариерите. Овие пет жени се едни од најзгодните и најуспешните.

Белинда Стронач

belinda

Поранешната канадска политичарка, која била на чело на две министерства, денес е успешна 50-годишна бизнисменка. Пред девет години ѝ бил дијагностициран рак на дојката, па направила мастектомија. Два пати се мажела и има две деца од првиот брак.

Мариа Елена Воски

maria

Оваа 35-годишна правничка е најмлада министерка во италијанската влада, а таа позиција ја држи од 2014. година. Дипломирала на Правниот факултет во Фиренца како најдобра во својата генерација. Во 2011. година станал советничка на сегашниот премиер Матео Ренци, и ја координирала неговата кампања додека бил градоначалник на Фиренца.

Ева Каили

eva
Некогаш телевизиска водителка во Грција, сега 37-годишната Ева својата земја ја претставува во Европскиот парламент. Завршила архитектура и инженерство, а магистрирала за интернационални односи. Моментално работи на докторат од интернационална политичка економија.

Алина Кабајева

alina
Била една од најнаградуваните гимнастичарки во светот, освојувајќи две олимписки медали, 14 медали на светски првенства, и 25 медали на европски натпреварувања. 32-годишната Алина минала седум години во рускиот парламент, а сега претседава со одборот на директори на приватна медиумска куќа, “National Media Group”.

Мара Карфања

mara
Откако завршила право, работела како телевизиска водителка и модел, а од 2008. до 2011. година била министерка во владата на Берлускони. Неодамна наполнила 40 години, а неколку пати била прогласувана за најубава политичарка. И самиот Берлускони рекол дека доколку не бил оженет, веднаш би се оженил со неа.