ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ СЕ ВРАТИ ВО ФУНКЦИЈА, АВТОБУСИТЕ НА ЈСП СЕ ВРАТИЈА НА УЛИЦИТЕ НИЗ СКОПЈЕ

0
273

Автобусите на ЈСП вечерва се вратија на улица, односно скопјани повторно можат да го користат јавниот превоз.

-Од 17:45 часот нормално работи третата смена во јавниот градски превоз во Скопје и автобусите на ЈСП, но и автобусите на приватните превозници, изјави Стојановски.

Денеска јавниот градски превоз од 9:00 часот беше во прекин се до изгласувањето на одлуката на за доделување собвенции на јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје на вонредната седница на Советот на Град Скопје.