ФК ВАРДАР ДОБИВА НОВ СОПСТВЕНИК, ШИЛЕГОВ: БЛУ СКАЈ ИНВЕСТМЕНТС ГО ПРЕЗЕМА ВАРДАР И ИМА ОБВРСКА ДА ГИ ИСПЛАТИ ДОЛГОВИТЕ И ДА ГО ВРАТИ ТИМОТ ВО ПРВАТА ЛИГА

0
1257
“ФК ВАРДАР СО НОВО РАКОВОДСТВО ВО НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА
На мое огромно задоволство, можам и официјално да соопштам дека успешно заврши посредувањето на Градот Скопје со стариот и новиот инвеститор и сопственик на ФК Вардар, со што всушност успеваме да обезбедиме извесна иднина за ФК Вардар, како една од најголемите спортски институции во нашата земја.
Станува збор за фирмата Блу скај инвестментс која е согласна во целост да го превземе постојниот договор и сите услови којшто Град Скопје го има склучено со Ракометниот клуб Вардар во 2014 година. Новиот инвеститор ја превзема обврската во целост да ја рехабилитира екипата и што е можно постори тимот да се врати во првата фудбалска лига.
Сите долгови кои се настанати во меѓувреме, кон сите коминтенти и играчи, во наредниот период ќе бидат во целост подмирени од страна на новиот инвеститор, што е дел од новиот договор. Во наредниот период јас со гордост ќе можам да побарам од Советот на Град Скопје, која планираме да се одржи во втората половина на месец август, овој договор во целост да биде одобрен, како надлежен орган кој ја има донесена и претходната одлука за продажба на акциите на ФК Вардар.”
-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ, ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ