☢🚩 КОЛКУ ЛИЦА ДОБИ ТЕРОРИЗМОТ ПО АВГАНИСТАН – 2О21 ГОДИНА⁉️

0
1112

Слика на терористичката “Медуза”

Авганистан стана „Лас Вегас“ за терористи, радикали и екстремисти …, сите се обединети околу теророт и насилството врз сите кои се спротивставуваат на нивната националистичка, религиозна милитантност и живот како во 18-ти век❗

Вака отприлика звучи очајот на меѓународната заедница и организациите задолжени за глобалниот мир и безбедност, откако Авганистан од синоним за глобалната војна против тероризмот, стана центар на сите најекстремни милитантни не-државни актери кои ги познава светот. Иронијата на таа меѓународна немоќ се огледа во супериорноста од „глобалната војна против тероризмот“ пред 20 години од една страна, и денешната немоќ таа борба да заврши како победа над тероризмот, туку обратно.

🚩Август е месецот што ги врати во игра сите заборавени екстремисти и терористи, нивните организации и поддржувачи.
Никој не веруваше дека, „мајката“ на АлКаеда – мрежата Хакани (прогласена за теористичка од Обама во 2012 година), ќе стане поголем фактор и пред и по, Бин Ладен и неговата мрежа❗

Додека очите беа вперени кон Талибанците кои се обидуваат да блефираат пред меѓународната заедница со некакви „демократски декларации“, фракцијата на ИСИС во Авганистан ИСИС-Хорасан ги изврши бруталните терористички напади во кои загинаа цивили и војници кои го обезбедуваа „прозорецот кон светот во Кабул“ – Аеродромот Хамид Карзаи. Наредникот Ги, 23-годишна, од Розвил, Калифорнија, беше една од двете жени во униформа убиени во бомбашкиот напад во четвртокот. Нејзината услуга не беше само пресудна за евакуација на илјадници жени и деца, туку симбол на она што за САД начи да се биде маринец – „да се стави себеси во опасност за заштита на другите“.

🇺🇸 Вака звучи прошталната изјава на сите кои покрај Претседателот на САД Бајден и семејствата на загинатите, ги пречекаат посмртните останки на 13-те загинати маринци на аеродромот во воздухопловната база Довен.

🚩Талибанци, ИСИС-Хорасан (пакистански талибанци), АлКаеда и мрежата Хакани се актерите кои навидум делуваат заедно и обединето, а секоја од нив има своја цел и тактика на делување што е опасност и за Авганистанците, и за регионот и за светот❗

🚩🚩Мрежата – Хакани иако најмалку спомнувана деновиве во случувањата во Авганистан, според добро упатени разузнавачки извори во моментот претставува најорганизирана милитантна терористичка организација кој ќе заземе сериозен простор од талибанската доктрина на владеење. Мрежата Хакани функционира од 1980 година кога основачот на мрежата – Јалалудин Хакани станува муџахедин во Авганистан и одржува многу блиски контакти со пакистанската разузнавачка служба, донатори од Персискиот залив и ЦИА. Постојат информации дека, мрежата Хакани била една од најактивните за време на советско-авганистанскиот конфликт❗

По извршените најсмртоносни напади во 20-годишната војна против теророт, мрежата Хакани за разлика од Талибанци беше означена како терористичка организација од Обама дури во 2012 година. Интересно е да се каже дека, Осама Бин Ладен е доброволен борец во Хакан-мрежата додека основачот Јалалудин Хакани командувал до муџахединската војска од 1980 до 1992 година.
🚩Оваа мрежа со децении се занимава со заложништво на странци-западњаци. Во моментов (според американски извори) држат во заробеништво најмалку еден американски државјанин❗

🚩Мрежата Хакани ги ограничи своите операции на регионални прашања што се однесуваат на Авганистан и паштунскиот племенски однос. Кога САД тргна во борба против АлКаеда и Осама БинЛаден, мрежата Хакани им го обезбеди пакистанското засолниште. Интензивните контакти на мрежата Хакани и АлКаеда продолжува од средбата на Јахја Хакани (контакт лице со АлКаеда) во 2009 година, за да од февруари 2020 година до денес достигнат интензитет.

🚩🚩Хакани мрежата се сметаат за основоположници на „основните исламски правни одлуки со кои авганистанскиот џихад се прогласува за универзално и индивидуално обврзувачка должност на сите Муслимани ширум светот“. Хакани се смета за основоположник на она против што се бори светот денес – странските борци❗
Кога многу муслимански водачи побараа помош од (нафтено) богатите арапски држави во 1978 година, по освојувањето на Кабул од страна на авганистанските комунистички и советски сили, Хакани бил единствениот авганистански водач на „исламскиот отпор кој ги побара и ги повика странски муслимански борци во џихад“. Неговата група беше единствена која во своите редови ги пречека „странските борците кои доаѓаа надвор од регионот“ и ги поврза со пошироките борби на џихадот. Хакани го изроди она што денес се нарекува “Глобален Џихадизам”❗

🚩🚩Релациите помеѓу Талибанците и Хакани-мрежата датираат од востановување на талибанскиот режим во 1996 година кога Хакани добиваат позиција „министер за племенски прашања“. Во 2001 година по влегувањето на САД во Авганистан прават прегрупирање на границата со Пакистан, за да се борат против сојузничките сили. Иако Талибанците никогаш не сакаа да признаат дека мрежата-Хакани е добро организирана (Талибанците тврдат дека тие се членови на пакистанската Куета Шура, највисокото раководно собрание на Талибанците), сепак најновите информации зборуваат дека, „Талибанците најсложените воени операции по преземање на Кабул на 19 Август о.г и ги предале на мрежата-Хакани“❗

🇺🇸🚩САД Хакани ги квалификуваат како „најиздржливата непријателска мрежа и една од најголемите закани за силите на НАТО“ – поопасни од Талибанците и сите останати. Во моментов, САД нудат 5.000.000 долари награда за информации што ќе доведат до фаќање на нивниот водач, Сираџудин Хакани. Сираџудин е син на основачот на мрежата-Хакани – Jалалудин Хакани. Тој има и свое активно машко потомство посветено на истите цели и делувања❗

🚩Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи во 2002 година го поканил најстариот Хакани да служи како премиер во обид да донесе „умерени“ Талибанци во авганистанската влада, но понудата била одбиена од Jалалудин❗

👉Зошто мрежата-Хакани е поголем безбедносен предизвик од било кој друга терористичка организација во моментот во Авганистан и регионот❓

🚩Затоа што оваа мрежа е идеолошката матрица, регрутер и прифатител на сите „странски борци“ на Блискиот Исток, кои последните години се препознаваат како тактика и операција на ИСИС. Во 2011 година Сираџудин Хакани објавува „Прирачник за герилците и терористите“. Книгата е пишувана на паштунски јазик и дава детални упатства за формирање ќелии на џихадисти, начини на примање финансии, регрутирање на борци и обуки. Во прирачникот се делат совети за регрутите дека: 👉„Родителската дозвола не е неопходна за Џихад“, дека, 👉„Сите долгови треба да се платат пред да се приклучат кон Џихад“, и дека, 👉„Исламот дозволува самоубиствени бомбашки напади и обезглавувања“👈❗ Во моментот мрежата-Хакани во Авганистан брои околу 20.000 активни броци и уште 20.000 борци кои во секој момент можат да бидат активирани❗

🚩Ривалството меѓу Талибанците, неговите партнери и ИСИС-Х ќе продолжи и по заминувањето на последните американски војници, а кревката соработка меѓу американските и талибанските команданти веќе се расипува. Американската војска сериозно ја третира црвената линија на Талибанците која е повлечена до утре – 31 Авгус 2021 година❗

Досегашните евакуации беа можни поради соработката со Талибанците – дозволуваа луѓето да стигнат до аеродромот Хаамид Карзаи, неповредени и работејќи против заканата од напади на ИСИС-Х.

🚩Од утре, постои вистинска загриженост дека, соработката со Талибанците завршува што во најлош случај може да доведе до напади врз американските сили, странските државјани и авганистански сојузници❗

ℹ🚩По сите анализи и случувања во Авганистан деновиве, станува смешен „договорот во февруари 2020 година на администрацијата на Трамп“ дека, Талибанците „нема да дозволат АлКаеда да користи авганистанска територија за да ги нападне САД“❗

🚩Најновите информации велат дека, „Талибанците, АлКаеда, мрежата-Хакани и ИСИС-Х остануваат тесно усогласени и поврзани кон целта за глобален Џихад и регрутација на муслиманскиот свет како странски борци“❗

ℹ Американската Централна команда изјави дека американската војска во вчера извршила напад со беспилотно летало против возило на ИСИС-Хорасан, кое планирало да го нападне меѓународниот аеродром Хамид Карзаи, а како реакција на самоубиствениот бомбашки напад на аеродромот во четвртокот во кој загинаа 13 американски војници.

🚩Неколку часа по нападот на американското воено беспилотно летало, претставници на Министерството за одбрана соопштија дека разнеле возило натоварено со експлозив, со што се елиминира заканата за аеродромот во Кабул од групата ИСИС-Хорасан. Ракетата го погодила задниот крај на белата Тојота Корола на Земари Ахмади, кој работел за добротворната организација. Ахмади и неколку деца беа убиени во неговиот автомобил, други беа смртно ранети во соседните куќи❗

🚩Ахмади бил технички инженер за локалната канцеларија на „Nutrition and Education International“, американска непрофитна организација со седиште во Пасадена, Калифорнија. Неговите соседи и роднини наведуваат дека инженерот и членовите на неговото семејство, од кои многумина работеле за авганистанските безбедносни сили, немала врска со ниедна терористичка група❗

🚩25-годишниот Самим студент по новинарство, вели дека во нападот загинале неговиот татко, неговите двајца браќа, четири негови млади братучеди, неговата внука и свршеникот на неговата сестра. Тројца од загинатите биле девојчиња на возраст од 2 години или помали, а неговата тетка и чичко ги загубиле сите три деца❗ По оваа трагедија американската војска утрово собори ракети насочени кон аеродромот во Кабул.

Останува безбедносниот предизвик на сите да ги доистражат нераскинливите и запоставените врски помеѓу (навидум) ривалите ИСИС-Х, Талибанците, мрежата-Хакани и АлКаеда кои очигледно своите сојузи ќе ги продолжат и по целосно повлекување на американската војска и сојузничките сили од Кабул во минуитите кои се бројат до утре – 31 Аавгуст поставени како крајни во оваа битка да се спаси колку се може по 20 – годишната битка против теророт.

ℹ🚩 За нашиот (Балкански) регион кој е познат по синдромот на „странски борци“ многу пред тоа да го објави мрежата-Хакани во следниот период е важно да се анализираат движењата кон Истокот. Да …, сите движежа кон Истокот што идеолошки обединува во една точка која до сега беше нејасна, а сега е голема и униформна – Глобалниот Џихад.

Во овој момент тој нема да разликува фракции, организации, идеологии – тие ќе бидат обедините во нивниот Фундамент – „Глобалниот Џихад и повик на мајката на странските борци и регрути – мрежата Хакани“❗

ℹ🇲🇰 РСМ е дел од глобалната сојузничка мрежа против тероризмот. Близу 150 лица со членови на свои семејства беа дел од странските воишта во Ирак, Сирија, Авганистан и се депортирани за издржување на казна затвор, во очекување на ресоцијализација и реинтеграција. Додека тоа се случува, како акт на солидарност прифативме државјани на Авганистан и нивни членови кои до нивниот следен пат кон земји од Европа ќе бидат наши гости. Безбројте дебати ќе останат и по нивното заминување од РСМ како непожелна дестинација за овие сојузнички соработници.

🚩Нам како држава, институции и фела ќе ни остане да се бориме со предизвикот да се оддолее на повикот за некаква вредност кон наши државјани (Глобален Џихад), која може да стане цел во ова време на Балканска безперспективност и движење кон Запад на прогресот, или кон Исток на конзервативизмот❗

🌍 Лигата на народите функционираше до формирањето на ООН по Втората светска војна кога се оцени дека, не нашла решенија за големата економска депресија, масовното кршење на човековите слободи и права (Холокаустот).

🚩ООН во преминот од 20-ти во 21-ви век има многу поголеми предизвици – Геноцидите во Руанда, Сребреница, хуманитарните катастрофи во Сирија и Блискиот Исток денес, рецезиите, пандемиите и што ли уште не.

🚩По оваа што денес го гледаме во Авганистан, по одговорот на меѓународната заедница, чинот на хуманост, солидарност и спремност некоја друга војска да гине за вредности на граѓаните на други држави можам да заклучам дека меѓународниот безбедносен ресет треба да започне што е можно побргу, но на едни други – хумани, а не милитарни основи❗

👉До тогаш, Переј ќе ги брои змиите на главата на Медузата чија глава е скината, а жива како никогаш до сега ….

Фејсбук статус на професорка Фросина Ременски.