НАЈНОВА СОСТОЈБА: Во текот на прес-конференцијата на министерот Филипче, потврдени уште 2 лица позитивни на коронавирус – денеска, регистрирани 18 нови случаи – вкупната бројка изнесува 259 лица

0
746
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата.
Во текот на прес конференцијата на Министерот за здравство Доц. Др. Венко Филипче, Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, кои ќе бидат регистрирани во денешниот извештај на Институтот.
По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга- 2, Струмица- 1, Дебар- 1, Тетово – 1, Гевгелија- 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  259 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип- 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга- 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1
За останатите информации кои министерот Филипче ги соопшти на прес-конференцијата ќе бидат испорачани во следното соопштение.
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk