СДСМ СО ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА ПО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ЗА НАВОДЕН ФИЗИЧКИ НАПАД ОД СТРАНА НА ПРАТЕНИК ВРЗ НЕГОВА СОПРУГА : ВМРО-ДПМНЕ да се извини за гнасните конструкции, проширени лаги и срамна злоупотреба на семејни односи

0
992

ВМРО-ДПМНЕ а особено пратеничката Благица Ласоска, треба да се извини за гнасните конструкции, кои синхронизирано ги шири и надградува преку медиумите блиски до оваа партија. 

Толку е очајно ВМРО-ДПМНЕ, соочена со поразот што ги чека, што шири лаги и злоупотребува приватни семејни односи. 

Пратеникот Костадин Ацевски и неговата сопруга најостро ги демантираа и ги осудија пласираните невистини од ВМРО-ДПМНЕ за наводно семејно насилство во домот на пратеникот. 

Тоа е целосна лага, срамна злоупотреба на деца, семејни односи и недоразбирања во дневнополитички цели.  

Ацевски и неговата сопруга веќе дадоа изјави, во кои потврдуваат дека не се случило никакво физичко, психичко, вербално ниту какво било насилство. 

СДСМ е одговорна партија, против секаков вид на насилство и имплементира мерки политики за унапредување на родовата еднаквост и градење на едно општество за сите граѓани, без дискриминација. 

Сексизмот, шовинизмот и дискриминацијата се одлика на ВМРО-ДПМНЕ. Дури и портпаролот Наум Стоилковски неодамна срамно, неодговорно и недолично, јавно ги омаловажуваше жените, пред се жените на јавни функции.