🌊 ОХРИДСКО-СТРУШКО ЗАТВОРСКО ПАРАПЕТЧЕ❗

0
748

Во период на “големи патриотски изблици” за заштита од бугаризација, асимилација и што ли уште не, пред носот на институциите кои од пред некој ден треба да работат по европски терк и знаме (нели?), како “бели сибирски мечки” им поминуваат “законски досетки” за промена на живеалишта на неколкуте империјалци кои цицале од се’ и сешто години наназад, и од бара се селат на езеро.

Така нацицани, наместо системот да ги промени нив се случи обратното – тие го променија системот и го адаптираа на своите потреби и желби со невидена перверзија која се продава како “постапување по закон и Устав’ од страна на најповиканите.

Нема да најдете други држави и државни институции во ЕУ и во светот што со толкава сервилност и понизност исполнуваат желби и изигруваат закони за да им удоволат на оние, заради кои со години системот даночно еродирал, бил приватизиран, бил злоупотребен и ставен во функција на децениско енормно богатење на “урбани фраери”, биле преземани удели во трговски друштва, со изнуди, прислушкувања, шпионажи, провизии, тефтери …, без никој да ги праша како и колку заработиле, поради тој нефункционален систем, пазар-обвинителството и начелата на мафијата – штама и неказнивост.

Го читам денес директорот на санкции и соопштението од МВР како се’ ова било по закон со смената на живеалиштето на бате Саше (и другите претходно по исти терк), и дека немало посебни ќелии за нив.
Да читаш и да се чудиш❗

Ако се скокне невидената обвинителска леснотија со која како “табу-тема” за јавноста помина т.н., “истрага, спогодба, пресуда итн.” за спогодените за на фанфари најавуваната истрага “Империја”, заради што со фанфари беше погребано СЈО-то, доаѓаме до “последната фаза” од санкцијата и одговорноста на ниво на замисла и во духот на проектот со “Парапетчето околу Охридското езеро”.

🚩Прво, институциите за извршување на санкции (Судија, Правда, Управа за санкции) имаат обврска да осуетат секакво изигрување на законот од страна на правосилно осудени лица кои имаат за цел за себе да обезбедат поволност во извршување на санкцијата која не им следува.

Таа поволност под голема тајност и привилигиран статус прва им ја даде ЈО Вилма Русковска како лице на кое “тие најмногу и’ верувале”, па потоа сите останати кои во пресрет на издржување на казната по “спогодбите со Вилма” и полнењето на буџетската каса (со непроверен до крај модус операнди за енормно богатење), им дозволија привилегија да избираат каде и како бате Саше и останатите империјалци ќе ја издржуваат казна затвор❗

🚩Второ, духот на Законот за промена на живеалиште и престојувалиште е “да се одреди МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ или престојување” на лицето кое бара промена, а не е можност за одредување на МЕДТО НА ИЗДРЖУВАЊЕ КАЗНА ЗАТВОР и избор на тип на казнено-поправна установа (од затвотен, полуотворен или ОТВОРЕН тип)❗

Овие промени на адреси како избор на место и избор на тип на издржување на санкции по донесени судски пресуди на кои осудените и Вилма Русковска нема да се жалат е КЛАСИЧЕН ПРИМЕР ЗА ЗЛОУПОТРЕБА И ИЗИГРУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ, заради ставање во функција на прилигираност на лица кои немаат поинаков статус од било кое други осудени лица на издржување казна затвор❗

Класична злоупотреба која свесно е премолчена во постапката на промена на адреса на бате Саше (и други) – лице кое првостепено е осуден на 20 години затвор, за масовното прислушкување и што ли уште не, ако некој уште се сеќава❗
Дали и овие години затвор ќе ги одмара во отворениот затвор во Струга❓

🚩Трето, затворот Стуга е казнена установа од отворен тип во која НЕМА физичко обезбедување, ред и поредок и обврски за затворениците. Буквално се’ е оставено на желбата, совеста, одговорноста и идејата на затворениците. Ова не го говорам јас, туку го пишува во Законот за извршување на санкциите❗

Ако само овие крупни изигрувања на законите се земат во предвид кога се анализира овој “урбаниот мангуплак” на империјалците со цврсти врски и злоупотреби со фамозното УБК, може да се дојде до прост “селски заклучок” дека:
🚩 “Мангупи превеслава закон и институције и избрасва мегдан за курчење и мајтап сас цел нормални људи у овуј државу”, ама не сами, туку со соучесници и извршители – на мафијата❗

Министерот за правда, Директорот на Управата за извршување на санкции и други органи имаат законско право и обврска да ценат, оценуваат и преценуваат во каков вид на казнена установа ќе биде сместено одредено лице – дали во затворен, полуотворен и отворен тип. Тоа не е право на избор на осуденикот независно каква лична карта има, туку тоа е задача на Управата и сите проценки во врска со целта на санкцијата.

Вакво нео-либерерално толкување на казнената политика и извршните санкции има само во длабоко корумпирани системи во кои наместо системот да диктира услови, на системот му се диктираат квази-права заради ексклузивитет и привид за некакво казнување од страна на казнетите.
Ово нема ни у Београду❗

❗Доколку на ваквите преседани не им се застане на патот и доколку Управата за санкции не ја коригира дадената привилегија на овие империјалци, нека биде подготвена и таа и целиот систем на барања и бунтови преку кои ќе си ја согледаат глупоста која сакаат да изгледа како “право”.

ℹ До тогаш ќе ви предложам да прочитате дел од стенограм на психодиличната владината седница на која се дискутирало за идејата на Груевски за “Парапетчето на Охридското езеро”

“…. Претседателот на Владата се обраќа до членовите со креативен предлог:

„Што мислите да ја извадиме сета трска од езерото, да нема повеќе трска, непречено да можат луѓето да пливаат во езерото“?

Реакцијата на членовите на владата е збунувачка и најголемиот дел од нив молчат. Сепак, во одговор на овој предлог, својот глас на разум дава Дејан Пановски (државен секретар во Министерство за животна срддина). Вели:

„Претседателе, видете, не можеме да ја извадиме трската од езерото зашто ќе го нарушиме целиот екосистем во езерото. Токму во трската се мрести крапот“.

Груевски го гледа, нѐ погледнува и нас, и му вика:

„А бе, Дејан, сега ние крап ќе мрестиме или туризам ќе тераме во Охрид“?

Казнениот туризам на империјалците на Охридското Езеро и Струга (како неа нема друга), не само што ќе биде рекреација, туку ќе послужи за мрестење и заштита на сомовите и краповите на овој дилириум-систем и за аквариум за кленови кои ќе отвараат уста и ќе го голтаат нивниот измет

📣Министре Тупанчевски се слушаме ли ⁉️

Фејсбук статус на професорката Фросина Ременски.