ДОБРИ ВЕСТИ ОД ПРИЛЕП : ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП НЕМА РЕГИСТРИРАНО ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВИРУСОТ

0
994

На барање на директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), вчера вечер во Општина Прилеп се одржа средба на Регионалниот штаб за управување со кризи.

Покрај градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, на средбата присуствуваа претставници на сите здравствени институции од градот, на ЦУК, МВР, Армијата, Територијалната противпожарна заштита и на неколку други институции.

На средбата која беше од консултативен и превентивен карактер, беа донесени неколку заклучоци меѓу кои и тој дека на територијата на општина Прилеп нема регистрирано ниту едно лице заразено од Коронавирусот и дека сите здравствени установи се координирани и спремни за евентуални пациенти со Коронавирус.