АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕР УПАТЕН ЗА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРОТ ВО БЕРОВСКО

0
534

Еден армиски хеликоптер веќе е на пат кон Беровскиот регион каде пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци е надвор од контрола.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека доколку има услови хеликоптерот ќе интервенира и ќе исфрли вода над опожарените површини.

Пожар во беровско, градоначалникот бара доброволци за гаснење

Забележа дека ситуацијата се следи, бидејќи доцна попладнето се разгори пожарот и излезе надвор од контрола веќе за утре најавено е дека доколку има потреба од воздух ќе се вклучат еден полициски, еден армиски хеликоптер, а доколку има потреба ќе се активира и ЕР-тракторот.
Градоначалникот на Берово претходно побара помош од локалното население да се вклучи во гасење на пожарот.