ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ЗАПОЧНА СО МИЕЊЕ НА СИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ПОСТАВЕНИ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ

0
365

ЈП Комунална хигиена – Скопје започна со миење на сите садови наменети за
одлагање на отпадот, поставени на територијата на градот Скопје.

Миењето се врши веднаш по празнењето на контејнерите, со употреба на
автоцистерни. Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје спроведуваат и
комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени
садовите.

Во моментов се врши комплетно миење на садовите за одлагање на отпадот
во општините Кисела Вода и Чаир, а активностите ќе продолжат во сите
останати скопски општини во текот на викендот и следната недела.