ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОСКА СО МЕЃУСЕБНИ ПОРАКИ ЗА КООРДИНАЦИЈА, ГИ ПОСОЧИ ТРАЈКО ВЕЛЈАНОСКИ, СПИРО РИСТОВСКИ И ВЛАДИМИР АТАНАСОВСКИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК

0
897

“Обвинетиот Трајко Велјаноски, не само што со своето однесување како претседавач на Собранието, директно придонел за насилството што се случи на 27-ми април 2017 година, туку и го оправдува” – рече обвинителката Вилма Рускоска во завршните зборови на рочиштето за 27-ми април.

Велјановски пратил порака и до пратеникот Илија Димовски со содржина “ако стварно го бираат Талат (Џафери) во 17 (часот), одма десетина пратеници (од ВМРО-ДПМНЕ) пред кабинет кај мене за да го бранат кабинетот. Пола пред кабинет, пола во сала”.

Во друга порака на Велјановски до Димовски, се вели “ќе има шатори”.

“Како знае обвинетиот Велјаноски дека ќе има шатори во 18:32 часот (27 април 2017), ако знаеме дека вратите се отвораат и народот влегува во Собранието нешто пред 18:50? Знаел затоа што имал интензивна комуникација со обвинетиот Спиро Ристовски. Дека обвинетиот Велјаноски бил во тек и го знаел целото сценарио да се спречи мирно примопредавање на власта, произлегува од порака која му ја испраќа на Никола Тодоров: “народ нека се собере”. На ова се надоврзува и порака до Илија Димовски “влегува народот” – рече обвинителката Рускоска.

“Единствено што побара (Велјановски) е да се чува неговиот кабинет и да не се дозволи никој да не седне во неговото место” – рече Рускоска.

Во завршните зборови беше спомнат и обвинетиот разузнавач Владимир Атанасовски, кој го пратил својот шеф на обезбедување во Собранието, да ги земе хард дисковите од мониторинг-собата и да се прикријат трагите од стореното кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Од доказите произлегува дека обвинетите знаеле точно што прават и имале единствена цел да спречат формирање на нова Влада со веќе обезбеденото парламентарно мнозинство.