АДВОКАТКА ПИВОВАРОВА: ОШТЕТЕНИТЕ ОД ПИРАМИДАТА ЛАЈОНЕС МОЖЕ ДА СИ ГИ ПОВРАТАТ ПАРИТЕ

0
24677

Адвокатката Ана Пивоварова – Јакимовски која застапува неколку клиенти во граѓанска постапка против ,,My World” вели дека имаат доволен основ да веруваат дека загубените пари од оваа понзи шема може да бидат повратени бидејќи како што изјави адвокатката тоа не е кривична постапкат туку е граѓанска постапка и дека е водена со основ стекнување без основ како што впрочем го дефинирал и законот.

Преметот се состои во тоа што тужителите или странките на адвокатката Пивоварова бараат од ,,My World” да им ги вратат уплатените пари назад затоа што тие поседуваат доказ дека на нивна банкарска сметка уплатиле одредени износи на пари.