СЕ ГРАДИ ПАРКИНГ ЗА 65 ВОЗИЛА ВО КИСЕЛА ВОДА

0
552

🅿️ Градиме паркинг места и креираме нов урбан лик на централното јадро на Кисела Вода, бидејќи нашите сограѓани го заслужуваат тоа! 🏙️
Се работи за паркинг простор од околу 6️⃣0️⃣0️⃣ квадратни метри, каде ќе може да се паркираат 65 возила и патека од 300 квадрати која ќе ги поврзе овие две доста фреквентни улици.

🏫 Во непосредна близина се наоѓаат и училиштето за деца со оштетен вид, како и градинка што укажува на потребата од дополнителни паркинг места, што пак ќе придонесе и за намалување на метежот и на изгубеното време во барање слободно место за паркирање. 🚙

☝️ Освен на подобрување на функционалноста, која е приоритет за нас како локална самоуправа, градежните работи за поплочување и асфалтирање на патеките кои ги стартуваме во централното јадро на Кисела Вода, ќе овозможат уредување на просторот околу зградите и креирање на нов, урбан лик.

☝️ Сакам да нагласам дека ова е само почеток и дека во периодот што е пред нас интензивно ќе работиме на подобрување на функционалноста и естетиката на Кисела Вода и нејзина трансформација во современа и модерна општина, токму таква каква што заслужуваат нашите сограѓани.

🔙 Инаку, во изминатиот деветмесечен период, општина Кисела Вода изгради повеќе паркиралишта, како паркингот на улицата ,,Бранко Заревски”.
🅿️ Покрај овој, во населбата Драчево, се гради и уште еден, на улицата ,,Коперникова”.

🅿️ Нов паркинг простор добија и жителите на Бирарија, до градинката, како и грашаните кои живеат во близина на бензиската станица кај Мечкаров.
🔜 Во фаза на изградба е паркиралиштето во Расадник, а веќе се нарачани сообраќајни проекти за улиците ,,Иван Козаров” и ,,Христо Татарчев” што ќе овозможат нови паркинг места и соодветно регулирање на сообраќајот во мирување.

#orcegjorgjievski #kiselavoda

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓеоргиевски.