ЈОВАНОСКИ И БОЧВАРСКИ ИЗВРШИЈА ЗАЕДНИЧКИ УВИД НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ГРАДСКО – ПРИЛЕП ВО ПРИДРУЖБА НА РУСТЕМИ

0
677

На наше големо задоволство, на задоволство пред се’ на граѓаните од Пелагонискиот регион, продолжува изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп. По тој повод, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за ДП, Ејуп Рустеми ивршивме увид во градежните активности.

Изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп е од врвен приоритет за граѓаните од Прилеп и другите општини од Пелагонискиот регион, но и за бизнис секторот и развојот на економијата во овој дел од државата.

Она што е од особена важност, е дека покрај економските придобивки кои вклучуваат побрз транспорт на стоки и услуги, со експресниот пат се скратува времетраењето на патување од Прилеп до Скопје и обратно и значително се подобрува подобрува безбедноста на граѓаните кои собраќаат на овој патен правец.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп,  Илија Јованоски.