Со 11 гласа „за“ и 2 „против“, денеска Судскиот совет донесе одлука за разрешување на судијката Софија Лаличиќ, јави Алсат.
Нејзиното име беше споменато во една од „бомбите“ коишто ги објави тогаш опозициската СДСМ. Гласот на Лаличиќ се слушна во разговор со екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.