АНГЕЛОВ : АКО НЕ ПОМИНЕ ЗАКОНОТ ЗА ВОЕНИ ИНВАЛИДИ КОЈ ГО КОЧИ ДУИ, ОДИМЕ САМИ НА ИЗБОРИ!

0
306

Лидерот на Достоинство и актуелен директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во гостување во емисијата „Слободен печат“ вели дека поддршка за Законот за воени инвалиди има од Премиерот како и од министрите за внатрешни и одбрана, но целиот процес го кочат интегративците.

„Оваа коалиција ќе заврши со предизборието во кое постојат повеќе опции. Една е да ја обновиме коалицијата со СДСМ и е малку возможна ако не помине законот за обештетување на Воени инвалиди. Јас ова во мај јавно го кажав. Јас застапувам една целна група, а тоа се македонските бранители, што храбро се бореа во 2001, некои храбро загинаа. Останаа уште 15 семејства на необештетени бранители. Срамота е за државата, да ја исправиме таа неправда. Во преговорите со СДСМ во времето со Бранко Црвенковски тоа беше услов да влеземе во коалиција, а во времето на Зоран Заев ние не ги репреговаравме нашите определби, наивно верувајќи дека она што сме го договориле останува понатака. И од страна на Зоран Заев и од стана на Димитар Ковачевски ние имаме поддршка. Не е спорна поддршката како и од министрите од оваа област, МВР и МО, Спасовски и Петровска, но тоа не е доволно нашата иницијатива од пред неколку недели, предлог закон да помине од ДУИ. Пред неколку месеци имавме коалициска средба во Клуб на пратеници, каде беше присутен Али Ахмети, каде јас добив уверување дека ќе се стави крај на ова голгота и многу внимателно дадов изјава дека има надеж да се реши!“, вели Ангелов.

Уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ влеговме во конфликт за оваа тема поради враќањето на обештетувањето од страна на бранителите со камата.
Иако времето е кратко, Ангелов се` уште се надева дека Собранието ќе го донесе овој закон кој државата ќе ја чини 1 милион евра.

„Во овој момент има иницијатива од Достоинство доставена до Владата, а Владата не постапува по неа. Ако иницијативата биде отфрлена ќе излеземе од коалиција. Цело време постои надеж дека ќе бидат решени овие работи. Доколку бидат решени тогаш ќе имаме друга позиција за преговори, но јас искрено сум песимист, бидејќи времето е тенко. Празници, Техничка Влада…ние ова не го надминавме 6,5 години па сега навистина времето е кратко. Јас имам надеж дека до избори ќе биде. Ова обештетување ја чини државата помалку од 1 милион евра. И јас ќе земев одговорност овие пари да се даваат на рати…“кажа Ангелов.

Доколку СДСМ не излезе во пресрет на нивните барања од Достоинство размислуваат за самостоен трет настап на избори.

Ангелов се осврна и на уставните измени кои се неприфатливи за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Барањето на опозицијата е општочовечно издржано, да влезат Бугарите во Уставот со одложено дејство, да влезат тогаш кога ќе станеме членка на ЕУ и да покажат еден знак на добра волја барем да признаат неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права. Сега видете за која иронија зборуваме. Ние треба да ја молиме Бугарија да признае пресуда на судот на институција на Европската унија кон којашто ние се стремиме да влеземе, вели Ангелов. Целото интерју со Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство, погледнете го во продолжение: