НУКЛЕАРНА БОМБА ДЕТОНИРА ДЕНЕСКА: ПРИВЕДЕН КУМОТ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ, РИСТО НОВАЧЕВСКИ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ПЛАЦЕВИТЕ НА ВОДНО, ВМЕШАНИ И МИЈАЛКОВ, КАМЧЕВ И МАЈКА МУ

0
773

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција утринава полицијата го приведе Ристо Новачевски, кум на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Осомничен е со група за сторено кривично дело перење пари, со кои купиле плацеви на Водно. Како што дознаваме, Новачевски секој момент од полицијата од секторот за организиран криминал во МВР треба да биде однесен пред судија на претходна постапка, за него обвинител ќе бара мерки.

Обвинителството покрај Груевски и кумот Новачевски, за перење пари ги сомничи и братучедот Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. Камчев, Мијалков и Јосифовиќ се осомничени заедно и во „Империја“. Неофицијално дознаваме дека плацевите гласеле на нивни фирми.

Сите осомничени се со претходно изречени мерки за обезбедување присуство, само Новачевски не е.

Обвинителството најави соопштение.