МОЖНО Е ДА СЕ ВКЛУЧИ И ТРЕТА СТРАНА ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА, ПЕНДАРОВСКИ: НАШАТА РЕЗОЛУЦИЈА ЈА ПОТВРДУВА НАШАТА КОНЗИСТЕНТНА ПОЗИЦИЈА И ВООПШТО НЕ Е НАВРЕДЛИВА КАКО БУГАРСКАТА РЕЗОЛУЦИЈА КОН НАС

0
830

Претседателот Стево Пендаровски не очекува поголеми поместувања од Бугарија бидејќи Северна Македонија реално во моментов нема соговорник од другата страна. Беше посочено дека не се исклучува можноста во преговорите да има и трета страна за да се постигне балансирано решение за спорот меѓу двете земји.

Пендаровски за резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија смета дека ја дефинира нашата позиција и не е воопшто навредливаво однос на резолуцијата на бугарскиот Парламент.

Собранието вчера ја усвои Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Резолуцијата во Собранието беше изгласана со 95 гласови “за и 1 глас беше воздржан. Претходно пратениците од мнозинството го поддржаа амандманот, во Резолуцијата да се внесе уставното име на државата, Република Северна Македонија.