-Оваа Влада, Министерство за здравство и Онкологија, се мафија. На човек што секој ден му се брои и на крај ќе се најдат некои убијци да го уништат животот за пари. Нашиот таканарачен премиер рече секој ќе одговара, не ми е јасно, покрај сите работи, никој за ништо нема одговарано.
Во овие седум години додека се на власт, ништо немаат направено. За мојата мајка не успеав да се изборам, но ќе се изборам за сите други. Ако власта не може да се справи со корумпираните доктори, народот може, порача еден од граѓаните кои дојдоа на протестот по скандалот на Клиниката за онкологија.