АЛКАЛОИД : ДОСЕГАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НАДМИНА ДВА ГИГАВАТ – ЧАСОВИ (GWH)!

0
373

Нашата заложба за континуирано унапредување на сите ESG-сегменти, како основа за етичко работење и за професионален успех, резултираше со остварување на овогодишните проекции за производство на енергија од обновливи извори – надминување два гигават-часови на локалитетите во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Во согласност со нашите проценки и со динамиката на производство, наскоро очекуваме и надминување на два гигават-часови произведена енергија само на локалитетот во Автокоманда.

Со ова, покрај другите штетни емисии, избегната е и емисија, односно направена е заштеда на околу 1000 тони емисии на CO2.Чувањето на околината е наша колективна одговорност!

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе #ESG