БОМБА НА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ : ИМАШЕ ТЕОРИЈА ДЕКА ГРУЕВСКИ ЈА НАПРАВИЛ ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА ЗА ПОД НЕА ДА ПОМИНЕ КОВЧЕГОТ СО КОСКИТЕ ОД АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ДИРЕКТНО ВО АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ

0
586
  • Имаше една теорија на заговор околу тоа за што е направен археолошкиот музејот, мостот око и триумфалната порта. Ја знаете таа?! Ајде да ја пуштиме, мислам дека е убава, сум ја зборел со Груевски.

    Муабетот на теоретичарите е дека се било плански направено, триумфална порта, па поминување на патот низ плоштадот, па специјален мост око и влез директно во археолошки музеј.

    Наводно муабетот беше дека бил откриен гробот на Александар Македонски и дека во одреден момент ќе се обзнани тој факт и дека треба да се пренесе преку триумфалната порта, да пројде низ центарот и да биде внесен во археолошкиот музеј.

    Меѓудругото кој бил во археолошки музеј знае дека како ќе влезеш директно, на левата страна има поставка од мермерни камења, трагови, значи огромни камења и столбови, гробови и сарфкофази.

Филип Петровски на ,,Инфомакс”.