ЗЛАТЕ МЕХМЕДОВИЌ : НОВИОТ СОЈ ОМИКРОН Е 500 ПРОЦЕНТИ ПОПРЕНОСЛИВ ОД ДЕЛТА СОЈОТ

0
850

Новата мутација на корона вирусот наречена „омикрон“ кој се појави во Јужна Африка има сериозни карактеристики кои што треба да бидат причина за нашата загриженост, бидејќи тој е е 500 отсто попренослив, тврди доктор Злате Мехмедовиќ.

„Прво и основно, пресметките се дека новата мутација „омикрон“ има висок степен на преносливост во однос на делта-варијантата. Ние досега сметавме дека многу долго време нема да може да се појави варијанта која што ќе биде посилна од делта-варијантата, меѓутоа, новиот сој укажува на тоа дека преносливоста може да биде и повисока. Иницијалните пресметки што ги направи Институтот за молекуларна биотехнологија во Австрија, укажуваат на тоа дека омикрон-сојот може да биде и до 500 отсто попренослив од делта-сојот. Само да потсетиме дека делта-варијантата беше 60 отсто полесно пренослив од алфа-варијантата, а омикронот е 500 проценти попренослив од делта-сојот, објаснува д-р Мехмедовиќ.