Костадинов на граѓанска трибина : Струмица е град на борба, непокор, од оваа светла точка срушивеме режим и сега ќе добиеме убедлива победа на 12 април

0
937
Јасно и отворено сум кажувал и ќе повторам, за мене постојат три свети работи, кои ги негувам во мојот живот – тоа се семејството, Струмица  и Македонија.  Ова свето тројство ќе го чувам као зеница во окото и нема да дозволам некој Христијан Мицкоси да ми го чепне, истакна на граѓанската трибина во Струмица членот на ИО Костадин Костадинов.
Обраќајќи се кон над 4 илјади присутни граѓани на Струмица, Костадинов им порача „Вие сте ми мотивација, вие сте моторот кој гарантира дека на 12 април ќе им покажеме каде им е местото„
Струмица е град на борба, непокор и од оваа светла точка срушивеме режим и сега ќе добиеме убедлива победа на 12 април потенцираше Костадинов.
За 2 години ја доведовме државата да биде членка на НАТО алијансата, од тоа сите граѓани имаат придобивки. Сите лидери на ЕУ ни кажаа дека Северна Македонија си ја заврши својата работа, Франција направи историска грешка, што не дозволи отпочнување на преговори во ЕУ, рече Костадинов.
Кога цел свет ја поддржува реформата, се јави Христијан Мицковски кој навиваше да не почнеме преговори, нагласи Костадинов и го повика Мицкоски да одговори што згрешил народот за да опструира се што е добро.
Нема да успеат, и на раце да одат, ниту да ја сменат СДМС ниту да ги опструираат мерките што живот значат, порача Костадин Костадинов од трибината на СДСМ од Струмица.