ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ, ГОРАН СУГАРЕСКИ И БРАТУЧЕДКАТА НА АКТУЕЛНИОТ МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ, БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ ЗА ПЕТ ГОДИШЕН МАНДАТ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ВО УПРАВНА ПОСТАПКА ЗА РАБОТЕН ОДНОС ВО ВТОР СТЕПЕН ВКУПНО ЌЕ ЗЕМАТ ОКОЛУ 110 000 ЕВРА

0
712

Државната комисија за одлучување во управна постапка за работен однос во втор степен вкупно брои 11 членови, додека за време траење на јавниот оглас беа пријавени 35 лица. Покрај пријавените 35 лица пријавени биле и екс министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески како и Даниела Бочварска, инаку прва братудетка на актуелниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски.

Горан Сугарески е поранешен советник во советот на општина Прилеп, пратеник, координатор на пратеничка група, министер за транспорт и врски, директор на Царинската управа, а беше и кандидат за градоначалник на Прилеп на последните локални избори а сега заедно со првата братучедка на актуелниот министер Благој Бочварски, Даниела Бочварска ќе бидат членови со пет годишен мандат во државната комисија за одлучување во управна постапка за работен однос во втор степен каде до крајот на тој мандат како награда ќе земат вкупно од околу 110 000 евра.

Во очекување пратениците во законодавниот дом да ја верификуваат оваа владина одлука и со тоа да почне нивниот четири годишен мандат.