АЛИЈАНСА ЌЕ ОДИ САМОСТОЈНО НА ИЗБОРИ, ТАРАВАРИ ГИ ОДБИ МЕЏИТИ, КАСАМИ И ГАШИ ЗА КОАЛИЦИЈА

0
319

Алијанса на Албанците на Арбен Таравари ја одби поканата на албанското опозициско трио – Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши – за соработка на идните избори во знак на обединување против лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Како што брифираа министрите од оваа партија – Лога, Меџити и Алиу – на ниво на претседателство било одлучено Алијанса за Албанците самостојно да настапува на парламентарните избори.

– Беспредметно е да се разговара за ваквата понуда кога нема конкретен датум за избори. До тогаш агендата на помалите партии не нѐ интересира, на избори одиме самостојно. Не може да се надеваат на туѓите политики во предизборната кампања – коментираа тие на брифингот.