САШО ТАСЕВСКИ, ЕДЕН ОД ДВАЈЦАТА КОИ ГИ СПАСИЈА ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ, КОАЛИЦИЈАТА И ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ОД УБИСТВО НА 27-МИ АПРИЛ Е НАЗНАЧЕН ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА БЈБ

0
1561

Владата на денешната седница донесе одлука Сашо Тасевски да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност.

Тасевски е магистер по безбедност и докторанд на Факултетот за безбедност. Во МВР работи од 2001 година, а од пред неколку месеци е раководител на Управата за обезбедување личности и објекти на МВР. Претходно работел и како обезбедување на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како и кај Оливер Спасовски во периодот кога тој беше технички министер за внатрешни работи.

 Во јавноста стана познат по настаните во Собранието на 27 април, каде што како дел од обезбедувањето на Спасовски, според многумина, е меѓу клучните што спречиле поголемо крвопролевање.