По прекрасното одбележување на Денот на пријателството меѓу Италија и Северна Македонија, продолживме на Старата чаршија на централниот настан Вело Град, во рамките на четиридневниот Фестивал за љубителите на велосипедизмот – ВЕЛО СТРУМИЦА.
Симболично од местото каде што пред 100 години е отворен првиот сервис за велосипеди во Струмица, го најавив проектот „Струмица – Паметен вело град“ финансиран преку програмата „ЕУ за општините“ кој во фокусот ја става урбаната мобилност на Струмица, нејзиното подобрување и унапредување.
Струмица до 2025 година ќе биде напреден ВЕЛО ГРАД по урнек на многу современи европски градови.
Струмица.. и сé е блиску!
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.