МИЛЕВСКИ И СЕ ИЗВИНУВАМ НА ЈАВНОСТА ЗА ПОРАЗОТ, ЈАС НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ ВЕДНАШ

0
935

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски нема да си даде оставка по највисокиот пораз во историјата кој репрезентацијата го доживеа вечерва од Англија со 0-7.

На прес конфернцијата по натпреварот, Милевски и се извини на целата јавност за катастрофалниот пораз, но додаде и дека тој не се откажувал, како што рече, веднаш.

-Пред да почнам со пресот, сакам да ѝ се извинам на целата нација, во мое лично име и во името на играчите. Јас испраќам повик до играчите, јас одлучувам кој ќе игра, така што сакам да се извинам до целата македонска нација, посебно до оние кои дојдоа.Истовремено, голема благодарност и до нив затоа што допатуваа да не бодрат на овој терен.Играчите се истите од претходно, од Италија и Португалија, јас сум истиот.

Се случуваат и вакви лоши моменти, мора да преземеме сите одговорност, но јас немам карактер да се откажам веднаш.Не сакам да сме силни кога ќе дојдат убави и победнички моменти, туку во вакви тешки моменти. Мора сите да ја поправиме нашата слика и да бидеме подобри, рече Милевски.