Невладини организации повторно ќе бараат одложување на изборите

0
1034

Застојот во преговорите за излез од политичката криза доведе до тоа дел од граѓанското општество повторно да бара одложување на датумот на изборите. Претставници на граѓанскиот сектор најавија дека ќе се обратат до европските институции за да дискутираат за одржувањето на изборите на 5 јуни во услови кога главните реформи, како што велат тие, останале неисполнети, пренесува Алсат-М.

Од канцеларијата на Европската комисија во Скопје ги повикаа сите вклучени страни во дијалогот да продолжат со средбите на работните групи за прашањето со медиумите.

Амбасада на ЕУ:
„Европската комисија потсетува на важноста на Договорот од јуни/јули и на приоритетните итни реформи, вклучувајќи ја слободата на медиумите. Овие прашања се дискутирани меѓу страните со олеснување од наша страна. Ние ги охрабруваме страните да ги продолжат овие преговори. Исто така и Собранието може да го разгледува ова прашање во секое време. Сите заинтересирани страни треба да преземат одговорност за исполнувањето на обврските врз основа на актуелните закони за медиумите и за саморегулирање кои ги презедоа со потпишувањето на етичкиот кодекс.“

Преговорите за медиумите беа прекинати откако ВМРО одлучи повеќе да не се појавува на средбите под посредништво на Питер Ван Хојте.