ВМРО-ДПМНЕ : СКАФАНДЕР МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА Е ФАТЕНА ВО ЛАГА, ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ ИСПРАТИЛА ЦЕЛОСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

0
400

Бисера Костадиновска Стојчевска е фатена во лага, тоа ги потврди и доказите кои испаднаа во јавноста.Костадиновска Стојчевска и СДС безочно лажат дека општина Вевчани не поднела целосна документација за покровителство на министерството за култура на Вевчанскиот карневал.Срамно е Костадиновска Стојчевска како прв човек во министерството да не знае или да не е информирана, а да излегува во јавноста со лаги и манипулации.

Имено целосната апликација од општина Вевчани до министерството е испратена на 11.11.2022 години, додека трае Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа за заштита на културно наследство за 2023 година.Целосни невистини се констатациите на скафандер министерката дека апликацијата е не целосна.Општина Вевчани, оваа година, но и минатата година се одбиени од министерството за култура и Бисера Костадиновска Стојчевска за финансиски средства на традиционалниот вевчански карневал.