Министерот Спасовски со телеграма до сите вработени во МВР: НАРЕДУВАМ од Ваша страна да не се преземаат никакви конкретни и поединечни дејствија, а уште помалку постапување по Телеграмата на Чавков!

0
965

Интегрално ви ја пренесуваме телеграмата од министерот Спасовски до сите организациски единици во МВР:

– Во врска со телеграмата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков доставена до сите организациски единици во Министерството за внатрешни работи, ВЕ ИЗВЕСТУВАМ дека согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа (член 47 став 1), со работата на министерството раководи министерот, додека правата и обврските на дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи се уредени со измените на Законот за Владата на Република Македонија од 2015 година, според кои дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа и ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите.

Согласно ова, уште еднаш ВЕ ИЗВЕСТУВАМ и Ви укажувам дека согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за внатрешни работи министерот е функционерот кој раководи со министерството за внатрешни работи поради што НАРЕДУВАМ од Ваша страна да не се преземаат никакви конкретни и поединечни дејствија, а уште помалку постапување по Телеграмата Бр.08.1-472 од 19.04.2016 година на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков.