(ВИДЕО) Бошкоски: Моето апсење беше порака од Мијалков и Груевски до политичарите да го прифатат тоталитарниот режим

0
1270

ВМРО-ДПМНЕ мора да се дистанцира и да се огради од политиката на експремиерот Никола Груевски, порача лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, кој попладнево присуствуваше на одбележувањето една деценија од формирањето на неговата партија.

Тој рече дека доколку оваа политичка структура што ја води ВМРО-ДПМНЕ јасно не се дистанцира и не се огради од политиката на Груевски, остава сомнежи дека продолжува да го негува и да се надева на нешто што може да биде македонски рецидив, oдносно враќање на тоталитарниот режим.

Говорејќи за периодот пред неговото апсење, Бошкоски изјави дека неговата патија го кренала гласот против режимот на Груевски по што се следувал седмоноемврискиот бунт во 2010 година, затворањето на телевизијата „А1“, а потоа почнал политички прогон врз него.

„Ден по изборите, бев затворен. Тоа беше јасна порака до политичарите дека сите ќе завршат така доколку не ги прифатат едноумието и тоталитарниот режим како начин на живеење во Република Македонија“, рече Бошкоски.

Во однос на предметот „Тортура“, кој се однесува на начинот на неговото апсење, Бошкоски истакна дека е задоволен со самото тоа што јавноста ја дознала вистината, но и изворот од каде биле режирани политичките процеси. Бошкоски очекува осудителна пресуда за обвинетите во овој предмет.

ИЗВОР: МАКФАКС.МК