ЈАНКО БАЧЕВ СЕ ИСПЛАШИ: НЕМАМЕ ДОВОЛНО ПОЛИТИЧКА СИЛА НА ТЕРЕН, ГИ НЕМАМЕ БРОЈКИТЕ ЗА ДА УСПЕЕ РЕФЕРЕНДУМОТ

0
801

🟥Слушнав за иницијативи од ВМРО-ДПМНЕ и Левица за референдум против бугаризацијата. Но, сметам дека референдум организиран од марионетската влада во Скопје е голем ризик да биде неуспешен од следните причини:

🟥Не е спорно дека Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Но, во таков случај многу е веројатно дека марионетската влада на СДСМ и ДУИ ќе повика на бојкот со што реални се шансите референдумот да не успее.

🟥За успешен референдум треба да излезат повеќе од половината од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список.

🟥Со бројки, од 1. 814.263 запишани гласачи, на референдумот треба да излезат најмалку 907.131 гласачи. Во услови на бојкот од власта, околу 450.000 припадници на малцинствата (Албанци, Турци, Бошњаци, Власи, Роми…) ќе го прифатат повикот за бојкот и нема да излезат. Дополнително, со агитирање, закани и уцени од владата на СДСМ спрема членството, симаптизерите, администрацијата, приматели на социјална помош…реално е да се спречат да излезат повеќе од половината запишани во избирачкиот список и референдумот да биде неуспешен.

🟥Затоа, во моментот е потребно стрпливост во борбата против антимакедонското поведение на власта. Сега треба цврсто да се опстои на определбата за неменување на уставот за што е потребно двотретинско мнозинство кое власта го нема, а предуслов е сите опозициски пратениции да не потклекнат на евентуален поткуп, уцени и закани од власта.

🟥По преземањето на власта од опозицијата на следните избори кога и да се одржат, да се распише референдум од позиција на власт и гласачите без уцени и закани слободно да ја изразат својата волја!

Фејсбук статус на лидерот на ,,Единствена Македонија”, Јанко Бачев.