Секој граѓанин должи „невидливи“ 2100 евра!

0
1169

Македонија должи 4 милијарди и 224 милиони евра. Толку изнесувал вкупниот јавен долг на земјава на крајот на декември минатата година. Според овие последни податоци на Министерството за финансии јавниот долг на земјава на крајот на декември изнесува 47% од бруто домашниот производ, пишува „Фактор“.

Во септември 2015 година јавниот долг изнесувал 3 милијарди и 941 милиони евра, или 43,9% од БДП.
Ова значи дека за само три месеци, државата го зголемила јавниот долг за сума од 284 милиони евра, односно за само еден квартал јавниот долг е зголемен за 3,1%.

Состојба на Јавен долг

Јавен долг Јавен долг како % од БДП
· септември 2015 3, 941.000.000 евра 47%
· декември 2015 4,224.000.000 евра 43,9%

Ако во Македонија живеат два милиони луѓе, тоа значи дека, секој еден граѓанин, државата го задолжила со нешто повеќе од 2.100 евра

При тоа, ако се анализира структурата на јавниот долг, тогаш ќе се види дека во декември 2015 година Македонија на надворешните пазари должи 2 милијарди и 845 милиони евра, додека на домашниот пазар должи 1.379 милиони евра. Или вкупно 4 милијарди и 224 милиони евра.

Во периодот од септември до декември 2015 година, раст има и кај надворешниот и кај внатрешниот долг. Односно, за само три месеци земјава го зголемила јавниот долг за 191 милиони евра, а додека во истиот период внатрешниот долг е зголемен за 93 милиони евра.

Државниот долг изнесува 3 милијарди и 450 милиони евра, а гарантираниот долг на јавните претпријатија 774 милиони евра. Или вкупн 4 милијарди и 224 милиони евра, колку што изнесува вкупниот јавен долг.

Анализата на податоците покажува дека државниот долг во периодот од септември до декември е зголемен за 217, 6 милиони евра, додека гарантираниот долг на јавните претпријатија е зголемен за 66 милиони евра. Тоа е нешто повеќе од 283 милиони евра, односно колку што изнесува вкупното зголемување на јавниот долг.

Извор: Фактор