ЗАЕВ ОД КОЧАНИ : СО ДРЖАВНИ ПАРИ КУПУВАА ТЕПИСИ ЗА БЕЛАТА ПАЛАТА КОЈА ИМ Е ПОГОЛЕМА ОД ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА

0
524

-Ние нема да инвестираме во спомениците и жалните врби, со одобренија по пропис градиме инфраструктурни проекти, а ќе се подобри квалитетот на животот. Само добро организирани општини носат добар живот. И додека инвестираме во иднината, Христијан Мицкоски и нивните кандидати сакаат да не вратат назад, но ние тргнавме напред и запирање нема, рече претседателот на СДСМ и премиер на Северна Македонија, Зоран Заев на трибината во Кочани.

-Слушнав дека и Мицкоси бил тука, кажал неколку збора и заминал, рекол дека сме газеле по црвени килими и сме седеле на фотелјите, ама на нив седел Груевски, а на истите седел и неговиот советник Мицкоски, а тие не се поразлични од оние во Белата палата која е поголема од Инфективната клиника, со милионски суми државни пари набавувале и за владата, па и за во платата. Истите тие кои блокираат закони, плати, отписи на камати за долговите, клинички центар, се што е во интерес на граѓаните Мицко кочи, рече Заев.

-Одговорна. Чесна и посветена работа на општините, дека застануваме зад секој граѓанин и секоја општина покажавме со реализирани 7.000 проекти секаде, македонскиот Исток веќе не е слепо црево одлично е поврзан со Скопје и другите места. Сите главни артерии во овј дел на државата се модерни со подобраи побезбеден сообраќај, рече Заев.

Тој додаде дека општината досега изградила нова детска градинка и центар.