БРАВО ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ, ЕУ И НАТО СОЈУЗНИЦИ, БУГАРИТЕ : Бугарија прва ја призна Македонија како држава, денес прва го одобри Протоколот за влез на земјата во НАТО!

0
1234

Бугарија денеска влегува во историјата како првата земја-членка на НАТО која го одобри влегувањето на Македонија во Алијансата.

Источниот сосед во 1992-та беше првата земја која ја призна Македонија како независна држава, односно меѓународен субјект.

Министерскиот совет за надворешни работи веќе ополномошти своја делегација која во наредните денови треба да го потпише Протоколот во Брисел за прием на Македонија во НАТО.